Ковид19 Свет Топ вести

Полска планира да ги вакцинира сите возрасни граѓани до крајот на август

Полска планира да ги вакцинира сите возрасни граѓани против Ковид-19 до крајот на август, изјави премиерот Матеуш Моравецки на прес-конференција.

– Недоволното количество на вакцини беше главна пречка за кампањата за вакцинација во првиот квартал од годината. Како што напредува, Полска ќе мора да се фокусира на распределбата на очекуваното големо снабдување со вакцини, истакна Моравецки.

Само овој месец Полска ќе добие најмалку пет милиони дози вакцини, а бројот на испорачани вакцини може да достигне седум милиони дози, изјави шефот на кабинетот на премиерот и министер без ресор Михал Дворчик, кој е одговорен за организирање на кампањата за вакцинација.

Постепено, бројот на пунктови за вакцинација ќе се зголеми, а во кампањата ќе бидат вклучени аптеки, пунктови за имунизација на луѓето во нивните автомобили, како и големи компании.

Досега во Полска се вакцинирани околу четири милиони луѓе, од кои два милиона се веќе со двете дози.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, земјата регистрираше 2,29 милиони заразени случаи и речиси 52.400 починати пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе