Нема одложување на пописот, најголемата статистичка операција започнува на 1 април, категоричен е директорот на Дражавниот завод за статистика, Апостол Симовски. Вели тоа нема да се промени ниту поради заразени инструктори и попишувачи, затоа што има резервни, ниту пак е планирано почетокот да се пролонгира за да се вакцинираат 6000 попишувачи, иако премиерот Заев најави дека тие ќе бидат ставени во првата категорија веднаш по притигнувањето вакцините на АстраЗенека во недела
-За да разговараме за вакцинирање, прво треба да стигнат вакцините. Нјавата е дека ќе стигнат во недела, но се уште не се тука. Ако може да се организира пбрз процес на вакцинирање за 6000 лица јас ќе бидам пресреќен. Иако поради тоа се доенсе одлука да с епролонгира за кратокт период отпочнувањето на попсито не би правле проблем. Но, во моментот поисот започнува на 1 април, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за сттистика.
Директорот на дражвниот завод за статистика, лажни вети и шпекулации ги нарече сите информации за одложување на пописот, оние што заговаарта бојкот рече дека се хушкачи кои не се загрижени за граѓаните, туку целта им е да пописот да не се одржи. Уште еднаш посочи дека граѓаните ќе бидат безбедни и ќе се почитуваат сите здравстени протоколи. Им се обрати директно прво на Макаеоднците, па и на сите останати да земат учество во пописот, затоа што со него ќе се обезбедат податоци со кои ќе се креира иднината на земјава
-За првпат вака ќе се настапам, ќе се обратам директно до Македонците. Почитувани ова е единствената државна во светот каде можете да се изјаснете како Македонци, попсито е единсвената операција што го прибира овој податок, не ја пропуштајте таа моѓност. Почитувани останати граѓани на државата, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Боѓњаци и сите останати, ја имате таа можност слободно и без притисок да с еизјаснете онака како што мислите дека треба да се изјасните, рече Симовски.
Инаку пописот кој треба да започне на 1 ќе трае до 21 април. Во тек е попишувањето на дијаспората каде се самопопишале 14 8 илјади 719 граѓани. Во изминатиот период вицепремиерот Артан Груби и министерот Бујар Османи, ја мобилизираа албанската дисајпората со вклучување на политичари и од соседните земји. И минситерот за правда Бојан Маричиќ, од Белгија денес упати порака до дијаспората да земе активно учество во пописот.
Емилија Мисирлиевски