Ковид19 Македонија Топ вести

За една недела 26 проценти повеќе заболени со коронавирус

За една недела нови 6.889 случаи на корона вирус во Македонија што е зголемување од 26,4 проценти од неделата претходно, додека во истиот период бројот на тестирања е зголемен за само 8,4 проценти, објави денеска Институтот за јавно здравје.

Во анализираниот период од 15 до 21 март Скопје е повторно на врвот на листата по бројот на новите случаи со половината од новозаболените односно 3.445. Скопје инаку на 100.000 жители има 557 потврдени случаи и зголемување на нови случаи за 27 проценти за една недела.

Не е добра состојбата ни во другите градови па така Велес има 438 потврдени на 100.000 и 61 процент зголемување за една недела, додека Охрид инциденца од 412 и зголемување од 36 проценти. Битола пак е со 237 потврдени на 100.000 жители, но 50 проценти зголемување за една недела. Најголема неделна инциденца има Неготино со 899 потврдени на 10.000 жители, а со нделен порас од 11 проценти. Со многу помала инциденца на 100.000 жители се на пример Делчево и Виница и 173 и 135, но затоа имаат зголемување од 300 и 333 проценти на новозаболени за една недела.

Според возраста на заболените најголем број на заболени се на возраст над 60 години  со 25,7%, а по штпо следат тие на возраст од 30 до 39 години со 18,9%, па од 40-49 со 18,4%. Најголем процент на зголемување во возрасните групи за една недела пак е забележано кај децата од 10 до 19 години од и тоа за една третина, и од 50 до 59 и 40 до 49 години  со 33 односно 30 проценти зголемување.

Со зголемување на заболените се зголемува и бројот на смртни случи па самоз а ена недела се пријавени 158 смртни случаи од 27 градови, што е 22,5% повеќе во однос на минатата недела.

Во моментов пак во Ковид центрите низ земјава се лекуваат 1.392 пациени од последици на вирусот, од кои во Скопје 569, а слободни се е околу 300 кревети, од кои до утрово во Скопје слободни биле 70 болнички кревети.

И додека бројките на новозаболени, но и починати се зголемија околу една четвртина, за една недела, мерките на кои Комисијата за заразни болести и владата за запирање на новиот бран од пандемијата остануваат исти.

Иако минатата недела беше најавено дека Комисијата овој понедленик т.е. вчера ќе излез со нови препораки околу мерките врз основа на анализа на состојбата, до овој момент нема ни траг ни глас од Комисијата со нејзините проценки и предлози. Владата пак вчера само донесе одлука за останување во сила на полицискиот час од 22 часот навечер до 5 часот изутрина.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе