Македонија Топ вести

Претреси во станови на Груевски и Јанакиески

Претреси во објекти во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески утринава се извршени во Скопје  и Прилеп.

Од Јавното обвинителство посочуваат дека утрово бил извршен претрес во објект на Миле Јанакиески во Прилеп, како и во станови на Никола Груевски во Скопје во врска со предметот „Плацеви на Водно“.

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, информира во соопштение Јавното обвинителство.

Од ЈО најавуваат дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот.​

Во случајот „Плацеви на Водно“ се осомничени поранешниот премиер Никола Груевски, како и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Токму поради плацевите на Водно пред две недели во притвор беше спроведен бизнисменот Јордан Камчев кој е осомничен за кривичното дело „перење на пари“.

Во случајот „Плацеви на Водно“, покрај Никола Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе