Нема веќе слободни кревети за пациенти со ковид-19 во гевгелиската болница. Притисокот врз здравствените капацитети во овој град е силен веќе цел месец, откако почна да расте бројот нa заболени, како и на оние со сериозна клиничка слика. Во болницата во моментов се размислува за преадаптација на простор на одделенијата за да може да се примат пациенти коишто имаат потреба од болничко сместување.
Олумчев вели дека ситуацијата мора најсериозно да се сфати бидејќи доколку вирусот продолжи да мутира вакцините нема да делуваат.
Голем проблем за Гевгелија е и медицинскиот персонал. Лекари и медицински сестри се заболени или во изолација, па постојано се врши и прераспределба на медицинскиот кадар од другите одделенија во ковид болниците и итната медицинска помош.
Сузана Мицева