Вести Македонија Топ вести

Граѓански инспекциски совет и Државниот иснпекторат ќе ги гонат загадувачите во Македонија

Граѓански инспекциски совет ќе дејствува заедно со Државниот инспекторат за животна средина  за да се подобри ефикасноста на терен и што е можно побрзо да се издејствуваат дологочекуваните законски измени но и екипирањата на инспекциските тимови и обезбедување на повеќе средства за непречено функционирање.

Инспекцискиот совет е составен од 26 граѓански организации и високообразовни институции и ќе има деветчлено координативно тело.

Според анализите на невалдините организации кои се бават со оваа проблематика, институциите и инспекторатите немаат капацитет да се справат брзо и ефикасно со проблемите на терен, недостасуваат инспектори но и средства и опрема.

Само за илустрација, во целата државата има сдамо двајца инспектори за водостопанство.

Ана Петровска, директор на државниот инспекторат, смета дека еден од клучните проблеми се инспекциските надзори на локалчно ниво кои не се на заводолително ниво или пак воопшто ги нема и затоа тие мора да ја превземат нивната работа.

На светскиот ден на водата 22 март, тетолвци конечно добија нормализирано водоснабдување.

Дали мини хидроцентралите кои се градат во и околу Лешница се причина за проблемот и прекиунот со водоснабдувањето инспектораот допрва ќе утврдува.

Лабораторијата во склоп на министерството за екологија и доби сите неопходни акредитации со што сега ќе може да ги анализира примероците на вода а во тек е и добавњњето на акредитации за анализа на примероци воздух со што побрзо и поефикасно да се гонат загадувачите на животната средина.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе