Ковид19 Македонија Топ вести

Човек со проблеми со српското правосудство тврди дека е посредник во набавката на вакцините Спутник В за Македонија

Човек со досие во Србија и проблеми со српското правосудство , за телевизијата Ал Џазира, изјавил дека е единствен кој има договор со рускиот инвестициски фонд со кој гарантира испорака на вакцината Спутник В за Македонија, БиХ , Алжир и Бугарија.

Никола Лакушиќ, српски државјанин со живеалиште во Швајцарија во минатото се поврзувал со криминални активности заради кои има досие во Српското МВР.

Тој за Ал Џазира тврди дека неговиот проблем е со власта на Вучиќ и затоа има проблем со правосудството кој трае веќе пет години , каде , според неговите зборови, “ја докажува својата невиност по сите основи”.

“Јас сум на мета на режимот на Вучиќ и неговите медиуми, кои ми креираа досие со цел да ме дискредитираат бидејќи се судривме околу поголеми бизниси и застапништва во светот” – тврди Лакушиќ.

Властите во федерацијата БиХ потврдиле дека знаат за проблемите кои ги има Лакушиќ со властите во Белград, но подвлекуваат дека тој е единствен кој има договор со рускиот инвестициски фонд и оттаму може да ја гарантира испораката на вакцината Спутник В.

Федерацијата БиХ нарачала половина милион дози од руската вакцина, преку компанијата Медимпекс, со која Лакушиќ има агентски договор, со важност до јули оваа година.

Властите во Сараево очекуваат руската страна во понеделник да ја комплетира потребната документација за набавка на вакцината.

Федерацијата БиХ истовремено тврди дека го обврзала посредникот плаќањето на вакцините да се врши сукцесивно, откако тие ќе стигнат на аеродромот во Сараево а нивниот квалитет ќе го потврди агенцијата за лекови од БиХ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Државата беше побавна затоа што мора да следи правила и процедури, вели Клековски

Дејан Дејан

Клековски: Сите трошоци за лекувањето се на товар на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе