Вести Свет Топ вести

Сценариото со ковид од Бергамо се повторува и на Балканот

Не стивнуваат бројките на заразени од корона вирусот во земјите од регионот. Здравствените власти во Бугарија утринава јавија за над две илјади хоспитализирани само во Софија. Докторите се на работ на издржливост, бараа ригорозни мерки, кои од понеделник ќе ги добијат. На две недели од парламентарните избори, земјата оди во 10-дневен карантин, нема да работи ништо. Непочитувањето на мерките ја доведоа земјата да е на девето место во ЕУ по инциденцата на заразени, а трета на Балканот. Бројот на заболени за само една недела се зголемил за 40%.

Врз основа на сите медицински екпертизи, многу внимателно ги ислушав и двата штаба. Мислам дека ќе треба да се воведат построги мерки, бидејќи оние кои ги имаме сега , како најлиберални, не се почитуваат. Има многу луѓе кои едноставно си поигруваат со маските. Сите се навикнавме да зборуваме „гледате како е во Европа“, да – гледате во Европа како е, таму не можеш да видиш човек без маска на улица, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Ситуацијата е влошена и во Србија. Бројките растат , на болничко лекување се речиси пет илјдади заболени. Клучните ковид болници во Сараево прогласија вонредната состојба, вработените ги прекинаа одморите и се вратија на првата линија на фронотот. Сараево наликува на Бергамо, јавуваат докторите. Капацитетот во универзитетската болница во главниот град се ближи до својот максимум и грижата за зголемениот број хоспитализирани пациенти е се потешка. Босна како и Македонија чека на вакцините преку донации. И кај нас, бројките на заболени се доближуваат до максимумот кој го имавме во ноември. Се чека мерката полициски час да даде резултат, а за построги мерки ќе се одлучува од понеделник. Епидемиологот Даниловски укажува дека можеби треба да се размислува на целосен карантин за време на викендите, во услови кога се активираат и монтажните болници.

Проблемот со достапноста на вакцините дополнително ја влоши ситуацијата. Европската комисија најави дека и покрај тешкотиите со набавката, производството на вакцини се забрзува, и до крајот на јуни се очекуваат 466 милиони дози, кои ќе можат да се распределуваат и на земјите кои не се дел од ЕУ.

Алиса Шутиноска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе