Македонија Топ вести

Отфрлена е жалбата на Орце Камчев, тој останува во притвор во Шутка

Отфрлена е жалбата на Орце Камчев и останува одлуката за 30 дневен притвор во скопскиот истражен затвор.

Од кривичниот суд Скопје потврдија дека жалбата на Камчев денеска ја разгледал надлежниот совет и ја отфрлил.

Камчев е во притвор од недела, откако АНБ издаде службена белешка за подготовка на бегство во Бугарија.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Зоран Заев попладнево рече: „Информирам сум од АНБ преку службена белешка, со назнака строго доверливо, и не можам да ги коментирам. Но, се апсолутно сериозни. Јас не би ги споделувава деталите бидејќи се работи за класифицирани информации“.

Телма информираше дека Обвинителството бараше 30 дена притвор поврзано со случајот плацеви на Водно. Откако му беше определен притвор, Камчев кој е осомничен и во случајот Империја беше спроведен во скопскиот затвор во Шутка, Неговиот бранител смета дека немало никакви докази или индиции за бегство, одлуката ја нарече садистичка реакција на државните институција на прочка против човек кој има болница и инвестира во време на пандемија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе