Македонија Топ вести

Заев: Кога има правда има мир, тврди Заев, за ВМРО-ДПМНЕ пресудата е донесена под жесток притисок

Премиерот Заев прв се огласи за пресудите за ,,Таргет-Тврдина,,

На својот фб профил порача дека кога има правда, има и мир за сите а институциите докажале дека никој не може да биде над законот.

Времето на неказивност и на привилегии на криминалните актери се остава во историјата.

,,Правосудниот систем e независна власт и денес гледаме дека ги има сите околности да спроведува истрага без влијанија и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок.

Тоа е начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓани,,.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пресудата е донесена под жесток притисок на јавноста, опозицијата и меѓународниот фактор.

Демократскиот сојуз смета дека овој но и други процеси биле проследени со бројни недоследности, непринципиелности,политички притисоци и договарања.многу институции потфрлиле, непрофесионално се донесувале.затоа бараат да се истражат докрај системските грешки а кривична одговорност да понесат сите оние кои 6 години ја опструирале правдата.

Инсистираат да се изврши конфискација на криминално стекнатиот имот и да се изрече мерка забрана на политичко дејствување.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здруженија за заштита на животни организираат протест пред МВР

Дејан Дејан

Тетово продолжува да се гуши во сообраќајниот  хаос

Дејан Дејан

Пациентите на Онкологија се соочуваат со недостиг на таблетарна хормонска терапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе