Ковид19 Македонија Топ вести

50.000 од околу 180.000 граѓани постари од 70 години и со хронични болести се пријавиле за вакцинација

Околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој термин“ со возраст од над 70 години и хронични болести и од таа вкупна бројка 50-тина илјади се веќе пријавени за вакцинација против Ковид-19 преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека имаат и дополнителни механизми што ќе ги активираат за да се повикаат тие категории граѓани за вакцинација.

Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен за тоа активно ги разработува сите тие механизми. Битни се неколку работи. Прво, битно е дека е исклучително висок процентот на здравствени работници кои покажаа интерес да се вакцинираат. Ние во овој следен период од не повеќе од 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4.000 кои работат со Ковид пациенти и навистина сме задоволни и од одѕивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата. Разговаравме со директорот на Стопанска банка за тоа дека на пример интересот на здравствени работници во Грција е многу мал, околу 15 проценти и затоа сметам дека овој интерес на нашите лекари и медицински сестри е одличен сигнал кон целокупното население за да се вакцинира, посочи Филипче.

Тој нагласи дека планираат и кампањи и повици преку матичните лекари.

Искрено верувам дека исто како што тоа го направивме минатата година кога беше епидемијата со морбили ќе го направиме и сега, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката Букурешт по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Државата беше побавна затоа што мора да следи правила и процедури, вели Клековски

Дејан Дејан

Клековски: Сите трошоци за лекувањето се на товар на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе