Македонија Топ вести

МТСП: Утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Исплатата на февруарските пензии во етапи заради заштита на пензионерите од КОВИД-19 ќе почне утре, 25 февруари, соопшти Министерството за труд и социјална политика.  Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.

За пензии до 11.000 денари, исплатата ќе се извршува утре, в петок (26 февруари) ќе се исплаќаат пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари. За пензии со висина  од 14.001 до 18.000 денари, исплатата ќе биде в понеделник, 1 март, а наредниот ден (вторник, 2 март) и ќе бидат исплатени и пензиите од над 18.001 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите може да располагаат од утре, 25 февруари. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

– Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, соопшти МТСП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Државата беше побавна затоа што мора да следи правила и процедури, вели Клековски

Дејан Дејан

Клековски: Сите трошоци за лекувањето се на товар на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе