Вести Македонија Топ вести

Британскиот сој на Ковид-19 влезе на кардиолошки завод во Охрид

Британската мутација на КОВИД-19 влезе и во специјализиранта болница за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан  во Охрид. Дел од лекарите и медициснкиот персонал се позитивни на вирусот, што доплнително ја отежнува нивната работа  во услови на пандемија. Од Болницата потврда за ваквата сосотојба објавија на својата ФБ страна, но безуспешни останаа обидите да контактираме со првите луѓе на оваа установа. Во соопштението се наведува дека иако состојбата е сложена болницата останува отворена за итните случаи.  

Ваквата состојба , за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. Но, и покрај се ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби.

 ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.

Според неделниот извештај на институот за јавно здравје за периодот од 15 до 21 февруари  има речеис 4 процентно зголемување на бројот на новозаболени во цела држава. Покрај Скопје, најмногу активни слуачи над 400, веќе неколку недели има  во трите града Прилеп, Охрид и Кавадраци каде циркулира британскиот сој на  вирусот кој се одликува со значајно повисока преносливост. Во Охрид за само една недела има 250 заболени, Кавадрци 155, Прилеп над 270. Денеска и прилепекиот Градоначлник Илија Јованоски објавеи дека е позитвен на коронавирусот и е на домашно лекување со лесни симптоми.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе