Британската мутација на КОВИД-19 влезе и во специјализиранта болница за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид. Дел од лекарите и медициснкиот персонал се позитивни на вирусот, што доплнително ја отежнува нивната работа во услови на пандемија. Од Болницата потврда за ваквата сосотојба објавија на својата ФБ страна, но безуспешни останаа обидите да контактираме со првите луѓе на оваа установа. Во соопштението се наведува дека иако состојбата е сложена болницата останува отворена за итните случаи.
„Ваквата состојба, за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. Но, и покрај се ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби, се наведува во соопштението од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 15 до 21 февруари има речиси 4 процентно зголемување на бројот на новозаболени во однос на минатата недела. Покрај Скопје, најмногу нови слуачaи веќе неколку недели има во трите града каде циркулира британскиот сој кој се одликува со знaчително повисока преносливост. Во Охрид, Кавадарци и Прилеп, бројот на активни слуачи е над 500 што во споредба со останатите градови е неколкукратно повеќе. Денеска и прилепскиот градоначлник Илија Јованоски објави дека е позитвен на коронавирусот.
-Позитивен сум на КОВИД 19, за среќа добро се чувствувам, имам лесни симптоми и мислам дека ќе ги надминам. Во Прилеп повтроно се разгоре, има зголемен број на новазаболени и хоспитализирани. Граѓаните се олабавени повќе отколку што треба и милсам дека тоа е причината за зголмените бројки, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.
И покрај драматичниот пораст на заболени и хоспитлизрани во Прилеп, Јованоски вели дека нема да побара карантин за градот, затоа што смета дека е доволоно да се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.
Емилија Мисирлиевска