Вести Македонија Топ вести

Два дена по ред Битола е најстуден град во земјава

Два дена по ред Битола е најстуден град во земјава. И утрово како и вчера измерени се -22 степени, а снежната покривна  целосно е претворена во мраз, што го отежнува движењето и на возилата и на пешаците. Утрово под мраз се и делови од реката Драгор.  Граѓаните велат дека градот памети и пониски и подолготрајни поларни температури, но и овој студ во февруари, иако е неколку дена, велат им создава потешкотии во секојденвното нормално функционирање.

  • Тешко е со маки се трудиме да излеземе на крај. Тешко е се ми замрзна. Се е нефукнцијално, пазарот не работи, многу  тезги се затворени, велат битолчани

Поради ниските температрури намалена е и фреквенцијата и  во Градскиот пазар. Отворени се само 20 проценти од тезгите, бидејќи на вакви временски услови производите  замрзнуваат, па продавачите воопшто не ги изложуваат за продажба. оние кои сепак ги отвориле своите тезги, велат дека неколку дена се враќаат дома премрзнати и без заработувачка.

  • Промет нула, студот си го прави своето. Се замрзнува, се надевам дека ќе се затопли. Ништо нема, ништо не се купува, човек не доаѓа, велат пазарџиите.

Битола нема централно парно грење, па граѓаните тешко ги затоплуваат своите домови, а при вакви поларни температури, за да ги заштитат од пукање водоводните цевки, ги оставаат чешмите да течат во текот на ноќта кога температурата се спуша  20 степени под нулата. Поради тоа,  зголемена е потрошувачката на вода, велат од битолски „Водовод“.

Студот барем засега нема да предизвика сериозни штети во земјоделитето, затоа што не се очекува овие температури да потраат подолго време. Посевите во Пелагонија се под снежна покривка од околу 30 сантиметри, што е заштитник од големиот студ и е добредојдена во моментот,  велат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Мицкоски го бранеше својот предлог како одличен кадар за министерската позиција во здравство

Дејан Дејан

Земјоделците од Струмичо почнаа да ги санираат штетите од невремето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе