Свет Топ вести

Лавров: Ако треба ќе ги прекинеме врските со ЕУ

Москва не ја отфрлува можноста за прекинување на врските со Европска Унија доколку Брисел воведе санкции кои би ја загрозиле руската економија, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој во интервју за Соловјев каналот на ЈуТјуб истакна дека не сака Русија да се изолира од светот, но оти се подготвени на прекин на односите со ЕУ.

– Веруваме дека сме поготвени. Ако уште еднаш видиме, како што досега видовме многу пати, да се воведат санкции во области кои и нанесуваат штета на нашата економија и во најчувствителните области, посочи Лавров.

Тој додаде „ако сакате мир, подгответе се за војна“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе