Ковид19 Свет Топ вести

Британски научници: Појава на нов, супер вид на коронавирус

Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Универзитетот во Оксфорд, изјави дека се појавила нова мутација на британскиот вид на коронавирус – супер вид.

Британскиот вид е откриен во декември 2020 година и во изминатиот еден месец стана доминантен вид бидејќи над 50 отсто луѓе се заразени од него.

– Откриено е дека овој британски вид има мутација која потекнува од јужноафриканскиот вид. Сега имаме нов супер британски вид со мутација од Јужна Африка, што може да избегне имунолошки одговор, истакна Рамадан.

Тој додаде дека Британија го вакцинира своето население со голема динамика и досега се имунизирани 13 милиони луѓе. До средината на овој месец се очекува да бидат вакцинирани околу 15 милиони жители.

Што се однесува до вакцината на АстраЗенека, Рамадан нагласи дека таа е подеднакво ефикасна како и останатите вакцини, а најновите податоци покажуваат дека вакцината на АстраЗенека штити и создава еднаков имунитет во сите возрасни групи.

– Најновите клинички испитувања покажуваат дека АстраЗенека создава имунитет веднаш по 20 дена во 76 отсто од случаите кои ја примиле првата доза, а по втората доза штити и до 85 проценти од случаите, објаснува професорот.

На прашањето дали појавата на новиот вид најавува трет бран на епидемијата, Рамадан истакна дека тоа ќе зависи од рестриктивните мерки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе