Свет Топ вести

Демократите објавија досега невидено видео од упадот во Капитол Хил

Демократите, кои го претставуваат обвинението против поранешниот претседател на САД во Сенатот, покажаа досега необјавено видео од упадот во Капитол Хил на 6. јануари.

На видеото се гледа како приврзаниците на Доналд Трамп ги бараат претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и тогашниот потпретседател на САД, извикувајќи „Обесете го Мајк Пенс“. На снимката се гледаат судири меѓу демонстрантите и полицијата, на околу триесетина метри од просторијата каде се наоѓа Пенс со своето семејство, каде дел од собраните поставиле бесилка.

Стејси Плескет, една од менаџерите за отповикувањето, рече дека за сето тоа време поранешниот претседател не интервенирал.

И гледајте како офицерот Гудман ги испровоцира бунтовниците и намерно ги влече од вратата кон комората на Сенатот и кон другите офицери кои чекаат низ ходникот. Бунтовникот, кој се гледа дека носи бејзбол палка на ова видео, е истиот што го видовме пред неколку моменти како го крши прозорецот на првиот кат. Додека сето ова траеше, потпретседателот Пенс сè уште беше во просторијата во близина на комората на Сенатот. Дури во 2:26 часот тој беше евакуиран на безбедно место. Ова следно видео од безбедносните камери ја покажува евакуацијата, неговите движења се прикажани со портокалова точка во нашиот модел, објаснува Стејси Плескет, менаџер за импичмент.

Конгресменот од Мериленд, Џејми Раскин, главниот демократ кој ги презентира аргументите за разрешувањето рече дека презентираните докази ќе покажат дека Трамп не бил невин набљудувач на настанот, туку дека тој се одрекол од должноста врховен командант и станал главен поттикнувач. И за првпат во историјата на САД тој со неговите постапки го нарушил мирниот трансфер на власта.

И некои луѓе сметаат дека ова судење е натпревар на адвокати или уште полошо, натпревар помеѓу политички партии. Ниту едното ниту другото, ева е момент на вистината за Америка, Џемји Раскин, менаџер за импичмент.

Двотретинско мнозинство е потребно за Трамп да се осуди. Сенатот со 100 сенатори е поделен на половина и мнозинството републиканците се уште му се лојални на Трамп, но доколку биде осуден, тој нема да може да се кандидра за некои јавни функции. Неговите адвокати ќе ја претстават одбраната подоцна неделава, но сега веќе велат дека судењето е политички мотивирано и неуставно.

Но засега едно е сигурно дека социјалната мрежа Твитер засокогаш ќе остане недостапен за Трамп.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе