Вести Македонија Топ вести

ИЈЗ: За една недела покачена стапката на смртност – британската мутација ја има во осум градови

Покачена стапка на смртност и пациент во старосната граница од 20 до 29 години помеѓу починатите од Ковид-19. Британската мутација на вирусот присутна во осум градови.

Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје кој го опфаќа периодот од први до седми февруари.

Загрижувачките податоци на Институтот во однос на смртните случаи се регистрирани во 21 град.

Институт за јавно здравје: „Пријавени се 66 смртни случаи од 21 град, со зголемување од 3,1% во однос на минатата недела. 58 лица биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50 до 59 години и по едно лице на возраст од од 40-49, 30-39 и 20-29 години. Во текот на минатата недела до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на „британскиот“ сој на Корона вирус.“

Најголем број од регистрираните случаи со британската мутација се откриени во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Примероците се анализирани во три лаборатории – онаа на Институтот за јавно здравје, во лабораторијата на Жан Митрев и во МАНУ.

Токму во лабораторијата на МАНУ во последниот период се детектирани поголем број на нови варијанти, кои претходно ги немало кај пациентите во нашата држава.

Институтот за јавно здравје ова го толкува како континуиран влез на позитивни лица со мутиран Ковид, од странство.

За четири проценти е зголемен бројот и на нови позитивни случаи – 2120 за една недела, во 34 градови.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе