Последната одлука на Фондот за здравствено осигурување ќе ги наполни специјалистичките ординациите во јавното здравство, бидејќи од 1 март матичните лекари нема да смеат да издаваат рецепти на товар на Фондот врз основа на специјалистички извештаи постари од 1 март лани.
Месецов важат уште специјалистичките извешати не постари од 1 демекври 2019, па трката по теремин за специјалистички преглед или конзилијарно мислење е во низок старт, со оглед дека по прогласувањето на пандемијата во март 2020 беа суспендирани сите закажани термини за прегледи во системот „Мој термин“ до септември, околу 120.000 прегледи, а на хроничните болни со одлука им беше продолжено важењето на спацијалистичките извештаи за да можат да добиваат терапија.
Вакво искуство имала 68-годишна Скопјанка која за Телма вели дека од матичната лекарка била известена дека специјалистичките извештаи за дијабет и за висок притисок веќе не и важат.
„На три месеци земам и поминало до декември и јас сега од први јануари немам терапија. А јас веќе имам шеќер покачен, мерев и викам работата е итна да добијам терапија“, вели таа за Телма.
Пациентката имала среќа, па успела да дојде до слободен термин кај специјалист за продолжување на терапијата, но проблемот вели е во тоа што до сега никој не ја инфорирал дека треба да го направи тоа.
„А сега од 1 декември кој не обновил, мора да оди. Еве, јас бев“.
– Но нѐ бевте информирани за тоа?
„Не, не не! Вика, ние имаме 2.000 пациени, сами треба да се информираме“, раскажува пациентката за своето искуство.
Од ФЗО за Телма информираат дека уште од октомври почнале со носење одлуки за нови рокови за важење на специјалистичките извештаи, за што биле информирани матичните лекари и било објавувано на интернет страницата на Фондот, од каде велат дека пациентите требале да се информираат.
„Поради тоа што здравствениот систем не функционира на редовен начин и со полн капацитет, па осигурениците не можат секојпат да дојдат до потребен слободен термин преку електронскиот систем, за остварувањето на правото на лекови/ортопедски помагала Фондот овозможи постепено обновување на специјалистичките извештаи/отпусни писма“, се наведува во одговорот од ФЗО.
Сепак, одлуката донесена во февруари од 1 март да не важат специјалистички извештаи постари 1 март лани, го отвора прашањето колку од десетиците илјади откажани прегледи во 2020 година бил реализирани во иминативе четири месеци, за да може рокот за важење на спацијалистичкиот упат сега да се ограничи на една година.
Министерот за здравство, Венко Филипче, за Телма вели дека е запознаен со одлуката и дека е веќе разговарано за можните пречки и проблеми со кои би се соочиле граѓаните, пред се закажувањето на прегледите и турканиците пред амбулантите.
„Ќе разговараме да се смени ова и да се направат две измени. Прво, да се даде еден одреден временски период од два или три месеци да се извадат нови извештаи, да нема голема гужва по амбулантите. И второ, во тој временски период, уште неколку месеци наназад, ретроградно, од тој последен датум даден, да важат старите“, изјави Филипче.
Инаку олеснителна околност за пациентите кои заклучно со 1 февруари извадиле рецепти за терапија за неколку месеци однапред е дека тие ќе им важат. Со тоа додека не се смени последната одлука на ФЗО за рокот на важењето на спацијалистичките извештаи, тие добиле екстра време за да си закажат контролен преглед на специјалист.
Тамара Грнчароска