Економија Топ вести

Земале субенции а не исплатиле плати, УЈП и Трудовиот инспекторат најавуваат кривични пријави

Бизнисмени прикажувале поголеми загуби од реалните за да го исплнат условот за субвенционирање на плати, зеле финансиска помош а потоа не им ги исплателе платите на вработените или пак исплатиле личен доход помал од законкиот минимум а некои и отпуштале вработени иако финансиската помош им легнала на сметка.

Ова се само дел од неправилностите кои ги утврдиле на УЈП и трудовиот инпекторат при контроли кај шеесет фирми а по пријави на граѓани и вработени.

Трудовиот инспекторат пак во изминатите два месеци направил надзор во 74 фирми и 10 фабрики за текстил а се проверувало дали се иплаќаат платите и исносот односно дали се под законската минимална плата.

Во моментов во 11 фирми од текстилната, челарската и кондиторската индустрија има насочени контроли  во кои се проверуваат даночните пријави во последните пет години.

Лукаревска најави кривични пријави за бизнисмените кои ја злоупотребиле државаната помош.

Денеска од Организацијата на работодавачи презентираа истражување кое покажа дека 61 отсто од 246 фирми кои биле контактирани не се задоволни од видот и големината на владината помош. Оттаму побараа да се воведат построги критериуми за претпријатијата кои ќе конкурираат за државна помош која треба да продоллжи да се исплаќа,да се прилагодат критериумите за пристап до заемите за ликвидност и веднаш да се донесе петтиот пакет Владини мерки.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојче се обидело да се самоубие не можејќи да го трпи малтретирањето од таткото

Дејан Дејан

Над 11.000 слободни места за втор уписен рок во средните училишта

Дејан Дејан

Во израелски напад загина снимател на Ал Џезира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе