Македонија Топ вести

Словачка бара старт на преговори со Македонија, во меѓувреме Скопје испратило усогласен акциски плна до Софија

Македонија пред неколку дена до Бугарија испратила документ со усогласени барањата од предлог-акциските планови кои си ги разменија двете земји за спроведување на Договорот за добросоедство. Ова денеска го потврди шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, кој се надева дека докумнетот ќе биде прифатлив за Бугарија.

„За делот на прашањата на секторската соработка пред неколку дена разменивме наш став, бидејќи воглавно се прифатливи и забелешките по однос на секторската соработка. така да јас очекувам дека тој акцискиот план ќе биде основа за протоколот на следната седница на меѓувладината комисија, која јас се надевам ќе се организира што побрзо“, изјави Османи.

Османи кој денеска беше домаќин на колегата словачкиот министер, Иван Корчок, земјата која заедно со Чешка го блокираа усвојувањето на заклучоците на Европскиот совет за проширувањето поради бугарските барања испорачани на преговарачката рамка за Македонија, му се заблагодари на словачкиот колега за поддршката дадена за земјава, потсетувајќи дека Македонија заслужила почеток на преговорите.

„Можам да се согласам дека не треба во ЕУ да внесуваме недоразбирања, но во исто време објективен е впечатокот кој се создава и кај нас и кај останатите земји во регионот дека процесот на интеграција станува непредвидлив, нејасен или попрецизно е вид подвижна мета која не наградува според учинок туку според актуелните политички околности“, рече Османи.

Карчок пак со став дека Словачка го поддржува членството на Македонија во ЕУ, од две причин – затоа дека тоа е избор на земјава, но и оти е од интерес на самата Унија. Тој се надева дека во рамки на португалското претседателство ќе се постигне консензус по прашањето на Македонија и оти проблемите со пандемијата нема да го попречат тоа.

„Пандемијата колку и да има силно негативно влијание не може да влијае врз рамката која ја воспоставивме да ги оценуваме земјите според постигнатото. Затоа ќе потсетам дека за да продолжи процесот потребен ни консензус од сите земји-членки и пандемиијата не може да не спречи да го постигнеме тој консензус за време на португалското претседателство“, изјави Корчок.

Корчок притоа е на став дека Македонија ја звршила својата работа и иако не е совршена покажала напредок во клучни области.

„Во декември ова немаше да не спречи да постигнеме консензус за преговарачката рамка, постоеја други прашања кои се разгледуваа“, посочи тој.

Освен поддршката која ја испрати од Скопје, Корчок денеска заедно со својот чешки колега во заедничка колумна во „ЕУ опсревер“ ја објаснуваа својата блокада од декември.

„Бевме принудени да постапиме така за да спречиме историските прашања да се вметнат во проширувањето и ЕУ да се стави во улогата на арбитер. На силна ЕУ ѝ треба силно и стабилно соседство…. ЕУ не е тука да утврдува кој е во право, а кој не во врска со прашања поврзани со историјата, јазикот и идентитетот“, наведуваат двајцата министри во колумната.

Според нив, Македонија ги исполнила сите побарани услови, дури го сменила и своето име, што, според нив, многу земји членки не би имале капацитет и желба да го направат, но оти ветената награда од ЕУ – старт на преговори не стигнала.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе