Коронавирусот не стивнува во делчевскиот регион. Над 210 се активни случаи, наспрема Штип, како најголема општина во источниот регион, којашто од почетокот на 2021 година бележи голем пад на новозразените, па деновиве оваа бројка е и под сто. Директорката на Здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска за Телма вели дека очајна е состојба со коронавирусот во овој регион. Смета дека недисциплината и групирањето на населението за време на јануарските празници и слави им ги носи овие големи бројки.
Го очекуваме деновиве и третиот бран, по куќните слави. Поголем дел од пациентите се со лесни симптоми, но имаме и во неделата и по двајца потешки, кои ги испраќаме на болничко лекување во ковид центрите, вели Глигоровска.
Во овој здравствен центар од 100 вработени за да ја примаат вакцината се пријавиле 90 вработени, од нив 10 го прележале вирусот, но и тие се пријавиле за да ја примаат вакцината во некоја од наредните фази на имунизација.
Во штипската Клиничка болница од над 400 вработени за веднаш да се вакцинираат се пријавиле 126 вработени. Над сто досега се имаат и заразено. Во Кочанската болница, кој е и втор ковид центар во овој регион од 251 вработен, 17-мина треба да добијат вакцина во првата фаза, останатите се пријавиле за подоцна, во оваа болница 37 вработени веќе го прележале. коронавирусот.
Викторија Јованова