Вести Свет Топ вести

Израел рекордер во вакцинацијата – имунитет на„стадо“ за два месеца

Израел продолжува со темпото на вакцинација со која ниту една држава на светот не може да се пофали и сите параметри покажуваат дека имунитетот на „стадо“ ќе биде постигнат за два месеци. Здравствените власти го зголемуваат опсегот на вакцинација па од четвртокот се вакцинираат и оние кои имаат наполнето 16 години.

Досега од 9,3 милиони жители, една третина ја добиле првата доза а речиси два милиони изреалци и втората. Предвидувањата се дека крајот на март, речиси целото возрасно население, на 60 години, ќе биде вакцинирано.

Масовната вакцинцаија во Изреал има и темни страни. Палестинците во Запаниот Брег и појасот Газа не се вакцинираат, а вклучувањето на младата популација во процесот само ги зголеми осудите и критиките од државите низ светот каде што се кубури со вакцини или процесот на вакцинација воопшто не почнал. Ситуацијата во Израел го привлече вниманието кон глобалниот диспаритет во пристапот до вакцините помеѓу богатите и сиромашните земји.

И во Израел има противници на процесот кои одбиваат да се вакцинираат. Најчесто се помладите граѓани.

А што велат податоците од досегашниот тек на вакцинација во Израел. Од еден милион вакцинирани, помалку од илјада лица заболеле по вакцинацијата а само неколкумина имале тешка клиничка слика.

Израл не остава ништо на случајот, и паралелено со процесот на вакцинација развива и свој лек – ЕХО ЦД. Лекот се инхалира неколку минути еднаш дневно во период од пет дена иа израелските лекари тврдат дека ја прекинува т.н. цитокинска бура која ја предизвикува вирусот.

И покрај сите позитивни искуства и високиот број на вакцинирани во Израел нема опуштање. На сила се рестирикитвни мерки и карантин во одредени територии а државата останува целосно затворена пред се поради ризикот од ширење на Британскиот и Јужно африканскиот сој на Ковид-19.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе