Вести Македонија Топ вести

Претставена Методологијата за пописот

Лицата кои се надвор од државата помалку од една година и имаат место на живеење тука ќе влезат во резиденти, а тие надвор од земјава над една година во нерезиденти. Ќе можат сами да се попишат од 1 март до 21 април на посебна апликација која директорот на статистика Aпостол Симовски тврди дека е безбедна.

Доколку сами не се попишат тогаш во нивно име, податоци за нив ќе дадат лицата кои ги познаваат. Апликациите со лажни и неточни податоци нема да се прифаќаат и ќе подлежат на дополнителна проверка од базите со кои располага земјава. Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска ја претстави  методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот кој треба да се одржи во април. Рече дека ДСЗ е подготвена за оваа најголема статистичка операција. Тој апелираше до граѓаните да го сфатат пописот сериозно  бидејќи е во нивен интерес. Не ги коментираше политичките изјави за  одложување на пописот- рече дека е донесен закон со рокови за пописот што тие мора да го испочитуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе