Вести Свет Топ вести

Бајден: Се враќа американската дипломатија

Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека дипломатијата се враќа во центарот на американската надворешна политика. Една од големите промени кои ги најави е стопирање на секаква поддршка на офанзивните операции во Јемен, како и дека ќе именува претставник кој ќе се фокусира да се заврши долгогодишната војна во оваа земја. Бајден, официјално го суспендираше планираното повлекување на американските трупи од Германија, нарачано минатата година од неговиот претходник Трамп. Рече дека ќе ги обнови големите сојузи за да го ангажира светот за борбата со пандемијата, глобалното затоплување и човековите права. Целта му е да ја пренасочи надворешната политика кон подобра услуга за средната класа во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе