Свет Топ вести

Во Мјанмар блокиран пристапот до Фејсбук

Воените сили на Мјанмар го блокираа пристапот до Фејсбук, неколку дена откако тие ја соборија демократската влада.

Официјални лица изјавија дека платформата за социјални медиуми – за многумина во единствениот пристап на Интернет во Мјанмар – ќе биде блокирана заради „стабилност“.

Фејсбук стана главното место на пласирање спротивставени ставови по воениот пуч во понеделникот.

Министерството за комуникации и информации соопшти дека пристапот до Фејсбук ќе биде блокиран до 7 февруари. Но, сепак, има информации за привремена достапност до мрежата.

Половина од 53 милиони луѓе во Мјанмар користат Фејсбук, а активистите отворија страница за координација за спротивставување на пучот.

Во вториот по големина град во Мајанмар, Мандалај, синоќа имаше демонстрации и апсења. А во главниот град Јангон, жителите чуваа во тенџериња во знак на протест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе