На градилиштето зад „Рамстор мол“ полицијата откри 97 странски градежни работници кои без документи таму работеле подолг период. Од МВР потврдија дека полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи спровеле контрола на градежни објекти на фирма од Турција меѓу булеварот „Кирил и Методиј“ и улицата.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени.
Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи.
Ова не е прв случај. Пред една година полицијата привела група илегални работници, но во овој случај станува збор за поголем број странски ѕидари. МВР сè уште проверува какви државјанства имаат затекнатите илегалци и не откриваат за која фирма се работи. Но апсењето и комбињата на МВР, според фотографијата на порталот Сакам да кажам, се токму на градилиштето на турската компанија „Лимак.