Македонија Топ вести

Царовска на средба со претставници од МАНУ: Реформите се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените реформи во основно образование со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На средбата се присутни академици од Одделението за општествени науки, министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик министерот Арафат Шабани како и членовите кои работеа на развој на концепцијата и претставници од Бирото за развој на образованието. Консултациите за концепцијата продолжуваат и во наредниот период со различни групи засегнати страни.

Главни теми коишто се наметнаа во дискусијата, а се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки до МОН, се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите како и обуките коишто им претстојат на наставниците.

„Го имаме најтранспарентниот процес до сега. Од големо значење е и мислењето на академиците коишто доаѓаат токму од Одделението за општествени науки за предвидената интеграција на предмети за поефикасно учење кое треба да ги подобри резултатите. Добивме многу конструктивни коментари, особено од наставници од пракса во изминатиот период, но и од други засегнати страни кои ќе бидат земени предвид“, рече Царовска.

Министерката посочи дека досегашните резултати од меѓународните и домашните тестирања покажуваат функционална неписменост кај ученици.

„Сите меѓународни и домашни извештаи и анализи упатуваат дека се потребни реформи со кои нашиот образован модел ќе се прилагоди на оној во земјите со современи образовни системи. Тоа укажува дека ни се нужни неодложни реформи во основното образование, ако навистина се грижиме за идните генерации и сакаме да фатиме чекор со современиот свет. На нашите деца им треба квалитетно образование коешто ќе ги донесе до врвот“, рече Царовска на средбата.

По носењето на концепцијата, планот е таа да се имплементира постепено во период од 6 години, почнувајќи во прво и четврто одделение од идната учебна година. За успешно спроведување на целиот процес МОН и Бирото за развој на образование се обврзуваат дека реформата ќе ја дочекаат подготвени и ќе се направи максимум наставниците да ја поминат потребната обука.

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите и учениците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе