Македонија Топ вести

Во Прилеп се пријавува тутунот за кој производителите не склучиле договори

Во подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп во тек е пријавувањето на тутунот за кој производителите не склучиле договори, откако компаниите ветија дека ќе ги откупат овие вишоци од производството.

Тутунопроизводителите вишокот на тутун можат да го пријават и кај поверениците на откупните пунктови.

Засега не се знае точно  колкави се количините, а  за  да се утврди,  земјоделците имаат обврска  да го пријават ова недоговорено  производство.

-Според првичните податоци, во земјава има од 2000 до 4000 тони вишок. Но, кога ќе ги собереме податоците, ќе имаме реална слика колкави се количествата вишок тутун. Со ИДБР бројот и преку системот ќе провериме дали тие проиводители имаат некаде неисполнет договор. Така ќе се знае колку е вишок што откупувачите ветија дека ќе го преземат, земјоделците кои имаат договор, истиот ќе им биде продолжен и ќе биде откупен вишокот на тутун, вели  Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство – Прилеп.

Досега се откупени околу 40 проценти од 23 илјади тони тутун колку што тежи годинешната реколта.

Просечната цена е 167 денари за килограм. Се планира целиот  род да се преземе до крајот на февруари, а во спротивно ќе се бара рокот за откуп да се пролонгира.

Инаку годинешниот откуп започна со многу проблеми, реакции и протести на производителите кои се жалат на ниските откупни цени и слабата динамика на откуп.

Во неколку наврати се одржаа средби на откупувачите и тутунарите со медијаторство на министeрот за земјоделство, а по последната средба минатата недела,  откупот се одвива со поинтензивна динамика со што  се врати оптимизмот кај тутунарите.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе