Македонија Топ вести

Затворени угостителски објекти во тетовско

Во тетовски Горни Челопек полицијата поради непостапување по прописи за време на епидемијата приведе сопственик на угостителски објект. Контролата била спроведена во 20.40 часот, по што објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат Тетово.

-По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане извршиле контрола во угостителски објект во село Горни Челопек, сопственост на Д.Р.(31) од село Горни Челопек.  При контролата било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати 17 лица гости и сопственикот. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, информира СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, односно за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Протест на медицинскиот персонал во тетовската болнива – два месеци се без плата

Дејан Дејан

Филипче со предлог советниците во општините да ротираат на две години

Дејан Дејан

Mатуранти утре полагаат мајчин јазик и литература

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе