Вести Македонија Топ вести

Фото: Паднати дрвја, снег, слаба видливост на патот кон Маврово и Стража

Снежните врнежи во западниот дел од државата предизвикаа повеќе проблеми при одвивање на сообраќајот.

Најголем проблем се паднатите дрвја и гранки кои под напластениот снег попуштиле и паднале врз коловозот.

Ваква состојба најизразена е на патниот правец Гостивар-Маврово особено делот на патот кој води кон зимскиот туристички центар Маврово.

Неколкумина гледачи на Телма испратија фотографии на кои се гледаат паднатите дрвја. Слична состојба, дополнително со послаба видливост има и на патот кон превојот Стража.

Претпладнево, неколку часа на тој правец сообраќајот се одвиваше наизменично поради што имаше и застои и колони на патот.

Подоцна сообраќајот се нормализирал иако според АМСМ се одвива отежнато и кон Маврово, но и кон Дебар.

-Од 10:55 часот, поради паднато дрво на патот, сообраќајот на патниот правец Гостивар – крак Маврово кон Маврово се пропушта наизменично.

На патниот правец крак Маврово- Дебар сообраќајот се одвива отежнато во зимски услови поради одрони и искршени дрвја на патот. Екипите на ЈП. Македонија Пат се на терен и работат интензивно на расчистување на патот, информираа од АМСМ.

Поради појава на магла видливоста е намалена од 20-30м во Крушево и на планинскиот превој Пресека (Кичево-Охрид).

Се препорачува внимателно возење поради можност од појава на магла и слаба видливост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Енрике Лејче: „Харвард“ можност да запознаете прекрасни луѓе од цел свет

Дејан Дејан

КОД: Трае истрагата за Крмзов

Дејан Дејан

Попусти за оние кои разумно трошат струја и сами си ги читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе