Во Холандија е воведен петнеделен катантин, кој започува од денеска, а ќе заврши на 19 јануари в година. Продавниците, кината, фризерниците и теретаните се затворени од денеска, а учениците нема да одат на школо од утре. На граѓаните им е кажано да се воздржат од организирање на патувања кои не се неопходни. Ограничувањата ќе олабават три дена околу Божиќ кога холадските семејства ќе можат да примат тројца наместо двајца гости, без да се бројат децата и помладите од 13 години. Додека премиерот ги соопштуваше мовите рестриктивни мерки пред неговиот кабинет се слушаа свирежи и извици на демонстрантите.
-Коронавирусот се шири многу побрзо отколку што предвидувавме минатиот викенд. Поради тоа Холандија ќе биде затворена најмалку пет недели. Холандија ќе биде во локдаун, а тоа значи затворање на сите места на кои се збираат луѓето во групи, со неколку исклучоци кои се нужни за одржување на општествпто или за заштита на ранливите категории – Марк Руте, премиер на Холандија.
Од утре Лондон е под строги ограничувања од трето ниво, се затвораат продавниците, рестораните и пабовите, освен училиштата. Но, градоначалник Садик Кан денеска ги критикуваше владините одлуки за ублажување на рестрикциите во периодот околу Божиќ, односно од 23. до 27. декември, кога се дозволени средби на најмногу до три семејства.
-Не може да има едно правило за Лондон, едно за останатите четири области, бидејќи луѓето имаат семејства од четирите објасти. А она што и го кажувам на владата е дека не сум сигурен дали тоа го зедовте в предвид. Всушност сигурен сум дека не немате право токму во однос на релаксирањата околу Божиќ – Садик Кан, градоначалник на Лондон .
Во истовреме пак Словенија, се одлучи на друг чекор делумно укинување на рестриктивните мерки и тоа само во областите каде епидемиолошката слика се порава. Од денеска таму повторно ќе функциноира јавниот превоз, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење.
Италијанскиот премиер Конте, кој најави нови ограничувања во Италија за време на празниците, рече дека со програмите за вакцинација ќе бидат опфатени 10 до 15 милиони луѓе.
Според пресметките на компанија за финансиски услуги Морган Стенли водечките фармацевтски компании Фајзер и Модерна се очекува да заработат 32,2 милијарди долари од продажба на вакцини за новиот коронавирус во следната година.
Билјана Ставрова