Вести Свет Топ вести

Строги рестрикции за Божиќ и Нова година во речиси сите европски земји

Карантини, ограничувања, забрани и препораки. Во пресрет на новогодишните празници Европа и регионот ги заоструваат мерките.

Германија во среда заминува во целосна блокада.Јавниот живот се гасне, а владата денеска им порача на граѓаните да си купат  основни намирници, а не подароци за божиќ бидејќи од среда заминуваат во целосно затворање на јавниот и приватниот живот до 10 јануари, со минимални олеснувања околу Божиќ. Финансиските штети ќе изнесуваат 3,5 милијарди евра неделно, но очекувањата се дека ќе намали ширењето на пандемијата.

Ситуацијата е сериозна, порача и претседателот во вонредното обраќање пред нацијата.

„Почитувани граѓани, сите се надевавме дека ќе продолжиме понатаму, но вирусот сè уште нè држи цврсто. Од среда па натаму, нашиот јавен и приватен живот ќе бидат построго ограничени од кога било досега во историјата на Сојузна Република Германија. Ситуацијата е сериозна. Илјадници смртни случаи за една недела и инфекција која се заканува да излезе од контрола. Не можеме да избегнеме драстични мерки.“ – порача германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер.

По локдаунот на Франција во ноември, и на Германија оваа недела, според Би-Би-Си, најверојатно уште денеска ќе се разговара за заострување на мерките против новиот коронавирус во Лондон по што граѓаните ги преплавија продавниците за да изнакупат подароци за празникот, а се огласи и градоначалникот на Лондон во обид да издејствува државна помош за малите бизниси и работниците

„Значи, ако владата одлучи да го премести Лондон во Група 3, тие мора итно да обезбедат дополнителна поддршка за тие бизниси. Тие исто така мора да обезбедат поддршка за оние лондончани кои во моментов не сакаат да се изолираат две недели затоа што губат пари – ако не работат, не добиваат плата.“ – тврди градочалникот на Лондон , Садик Кан.

Владите заседаваат и во соседството, а Хрватска размислува за рестрикции по 21 декември.

Грција, го стави под клуч авиособраќајот ,а Србија го свика кризниот штаб кој треба да предложи нови рестриктивни мерки откако досегашните не ги дадоа резултатите.

Бугарскиот министер за здравство ги отфрли денеска барањата да се се олеснат мерките од 21 декември натака со тврд став дека дека не смеат да се дозволуваат ноќни собири и пијанства во рестораните.

Би било прерано“,  рече Костадин Ангелов. Секој 100-ти човек на планетата земја до денеска се заразил со корона вирус или 73 милиони луѓе.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе