Свет Топ вести

Последен рок за договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Договорениот рок за постигнување договор меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи истекува денеска, а за попладнево е закажан нов телефонски разговор меѓу претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајан и премиерот на Велика Британија Борис Џонсон.

Недела, како „краен рок“ беше договорена минатата недела за време на посетата на Борис Џонсон на Брисел и средбата со Урсула фон дер Лајен.

На состанокот беше констатирано дека двете страни стекнале „јасно разбирање за нивните меѓусебни позиции“, но дека ситуацијата во врска со постигнувањето договор „останува тешка“ и дека „основните пречки не се надминати“.

Во меѓувреме, разговорите меѓу главните преговарачи во Брисел и Лондон, Мишел Барние и Дејвид Фрост, продолжија за „суштинските прашања“ како што се еднакви права на пазарот, управување и риболов.

Иако двете страни постигнаа „принципиелен договор“ во текот на седмицата за спроведување на претходно договоренената Спогодба за раздружување, која вклучува договор за функционирање на границата меѓу Ирска и Северна Ирска, Европската комисија во четвртокот објави план со вонредни мерки кој ќе стапи во сила доколку не се постигне сеопфатен договор за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија до крајот на преодниот рок, на 31 декември 2020 година.a

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе