Ковид19 Свет Топ вести

Меркел: Делумно „затварање“ не беше доволно, треба и продавниците да се затворат

Делумното „затварање“ во Германија со кое се затворија баровите, рестораните и просторите за релаксација, додека истовремено беа отворени продавниците и училиштата, „не беше доволно“, изјави денеска германската канцеларката Ангела Меркел, откако сојузните држави се согласија од среда да бидат воведени поостри мерки.

Експоненцијалниот раст на случаите беше запрен накратко, им рече Меркел на новинарите во Берлин по разговорите со регионалните лидери, на кои тие се согласија да ги затворат сите продавници, освен суштинските, и да го ограничат присуството во училишта и градинки, јави ДПА.

Според Дојче веле, мерките ќе бидат во сила до 10 јануари, кои меѓу другото предвидуваат дека средба може да имаат најмногу пет лица од две домаќинства. Исклучок ќе биде периодот од 24 и 26 декември, односно за време на Божикните празници, но не и за дочекот на Нова година.

Од 16 декември се затвораат продавниците, освен оние за суштинска стока, и забранети се огномети за новогодишната ноќ.

Верски служби ќе бидат можни само со строги ограничувања, а забранеа ќе биде консумација на алкохол во јавност.

Владата бара од луѓето да се воздржат од патувања и да ги намалат контактите кои не се апсолутно неопходни. Владата најави и дополнителна економска помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе