Во лондонската општина Хекни денес се случил тежок инцидент, јавуваат британските медиуми. Автомобил влетал во пешаци и како што јавуваат медиумите неколку лица се тешко повредени.
На самото место има пожарникари и екипи на итните медицински служби. На социјалните мрежи се појавиле снимки на кои се гледа како еден автомобил удрил во дрво.
Британските власти навеле дека инцидентот се уште не го третираат како терористички напад, а истрагата е во тек.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.