Ковид19 Македонија Топ вести

Негувателките, воспитувачките и СОНК против зголемување на работното време

Негувателки, воспитувачки и СОНК денеска пред зградата на Министерството за труд и социјална политика изразија револт од зголемувањето на работното време на вработените во градинките од 6, односно 7, на осум часа. Велат дека, со тоа е   еднострано прекршен Колективниот договор за детска заштикта и законот за детска заштита.

Поради немањето на услови и компјутери, вели Неделков, негувателките бесцелно седат на работа, а работата после мора да ја реализираат од дома. Реагираат и за непочитувањето на протоколите за безбедни услови за работа, со што им се загрозува здравјето на вработените во детската заштита. Бараат од директорите да се врати старото работно време, да се обезбедат подобри услови, а Трудовата инспекција да ги испита условите за работа. Ќе се бара и одговорност од инспекторите кои препорачале зголемување на работното време. Воспитувачките тврдат дека и сега работат по осум часа, иако не директно со деца.

СОНК немаат писмен доказ дека ова е наредба од министерката Шахпаска, но имаат сознанија дека прашањето е отворено на состанок со директорите на градинките, на кој таа ги поттикнала да го зголемат работното време. Шахпаска негира.

Од СОНК најавија дека за ова ќе ги  информираат и европските синдикалци, а на крај, ако треба, велат, ќе преземат и подрастични мерки за исполнување на правата на овие работници.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити вели дека со разрешувањето на уставната судијка, ДУИ губи можност за дестабилизацијa 

Дејан Дејан

Уставен пресече во корист на независните кандидати

Дејан Дејан

Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе