ЕУ е песимист, британската влада на ставот дека се уште има време за договор. Дали е се уште е можен договор со Лондон пред крајниот рок од 1 јануари. Она што е извесно е дека се работи напорно, Борис Џонсон и Урсула фон дер Лајен по вторпат за 48 часа телефонски ги пеглаат разликите. Непостигнувањето на трговниот договор ќе значи губење на стотици илјади работни места како и воведување на царини.
Разговорите меѓу Велика Британија и ЕУ се обновени, бидејќи двете страни направија последна понуда за постигнување трговски договор по Брегзит. Но нема напредок за споровите околу правилата за риболов и трговската конкуренција. „Уште има време за да се постигне договор“ ова е денешниот став од британската влада. Расположението во ЕУ се опишано како „песимистично“, откако главниот преговарач Мишел Барние се состана со британскиот колега Дејвид Фрост.
Барние на брифингот им рекол на своите колеги амбасадори од ЕУ дека постојат очигледни разлики меѓу двете страни и дека топката сега е во полето на британскиот премиер Борис Џонсон.
Главниот британски преговарач за трговски договор за Брегзит, Фрост, кратко пред новинарите изјави: „ние сè уште работиме многу напорно“. Според очекувањата ова е еден од најинтензивните денови во долготрајните трговски преговори по Брегзит, чиј краен рок е 1-ви јануари. Фрост не даде одговор дали е оптимист за постигнување на одговор денеска.
Во обид да откочи застојот којшто трае со месеци, британскиот премиер Борис Џонсон ќе го има својот втор телефонски повик со шефицата на Европската Комисијата, Урсула фон дер Лајен, за само 48 часа. Дали ќе се постигне договор, кој може да чини губење на стотици илјади работни места од двете страни и нарушување на меѓудржавната трговија во текот на следните години.
Доколку не се склучи договор до крајот на годината, Велика Британија и ЕУ ќе воведат царини, како и гранична проверка на стоките.
Билјана Ставрова