Спасувачите ги пронајдоа вечерва двајцата Гевгеличани на возраст од околу 70 години кои се изгубија на планината Кожув. Тие се во добра здравствена состојба и во тек е нивното враќање дома.
Претходно, како што објави Телма, синот на едно од исчезнатите лица се јавил во полицијата и потврдил дека неговиот татко утринава со уште еден пријател заминале на планинска прошетка на Кожув.
Последниот контакт со својот татко го остварил попладнево околу 17 часот, кога тој му се јавил на мобилниот телефон и му кажал дека се изгубени во реонот на месноста Круша.
Оттогаш неговиот татко не бил достапен на мобилниот телефон а се претпоставува дека најверојатно се испразнила батеријата или пак тој се наоѓал на терен кој не е мрежно покриен.
Во успешната акција за пронаѓање на лицата биле ангажирани припадници на полицијата, шумската полиција но и ловџии кои најдобро го познаваат теренот на кој се загубиле двете возрасни лица.