Лажни и неточни се информациите кои ги преплавија медиумите во Бугарија и Македонија дека уште две земји го поддржале бугарското вето. Холандската амбасада експресно порача дека не ја поддржала Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија, туку спротивно, изразија подршка за земјата и интеграциите.
„Холандија сметаше и се уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка, се вели во реакцијата од холандската амбасада во Скопје,“
Данска и Холандија се двете држави кои го поддржале бугарското вето за Македонија, изјавил дипломат за бугарскиот „24 часа“. Понатаму весникот се повикал и на македонскиот пратеник Антонио Милошоски кој на Фејсбук напиша: „изгледа дека Бугарија не е сама“. Но, сосема спротивна е вистината од псоледните случувања во Брисел, објаснува министерот за надворешни Бујар Османи.
Османи најави дека дипломатскиот поход на специјалниот преговарач почнува наредната недела. Со кога ќе се среќава ексминистерот Владо Бучковски, сеуште е неизвезно.
Темата за проширувањето повторно ќе биде ставена на дневен ред на пратениците на Европскиот совет на 7 декември, годинава. Следно е Советот за општи прашања на кој повторно ќе се рагледува преговарчкиот процес со Сверна Македонија.
Павле Беловски