Вести Македонија Топ вести

Од почетокот на епидемијата ноември месец најтежок за Прилеп и Битола

Не запира драматичниот раст на бројот на заболени и починати од КОВИД-19  во Пелагонискиот регион. Со загрижувачки бројки на новозаразени се двете најголеми општини, Прилеп,  каде вчера имаше 84 позитивни  на вирусот и Битола со 83 нови случаи. Вкупниот број на починати прилепчани се искачи на 145, а 10 ја изгубиле битката со болеста само во последните два дена. Смртност  е 4,5 проценти, и е меѓу највисоките во државата. Во Битола има вкупно 95 починати.

Според официјалните статистики ноември беше најтежок месец од почетокот на кризата и за двете општини, но трендот не запира и во првите денови на декември.

Вкупниот број на заболени во Прилеп е 3231, а во Битола 2256. И во двата града повеќе од половина од заболените и починати се само во минатиот месец.

Голем е притисокот и врз болничките капацитети,  а се поголем е број на заразени медицински лица во здравствените установи во двете Пелагониски општини. Во Битола на Инфективното одделение се хоспитализирани и  лекари. Битолскиот Центар за јавно здравје неколку дена  работи со еден епидемиолог помалку, кој  исто  така се заразил со КОВИД-19 .   

Од вчера во изолација е и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која објави дека е  позитивна на вирусот. 

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе