Вести Свет Топ вести

На секс забавата во Брисел присутен и европратеник од партијата ФИДЕС

Бриселската полиција вчера објави дека е прекината голема оргија во стан во центарот на градот пред неколку дена и дека помеѓу 25-те мажи кои се наоѓале на забавата имало и неколку европски дипломати и еден европратеник.

Подоцна пратеникот сам призна дека станува збор за него. Јожеф Сајер, од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која е отворено против правата на ЛГБТИ заедницата, по овој настан поднесе оставка.  Унгарските новинари пишуваат дека Сајер лично ги напишал уставните амандмани со кои се дефинира брачната заедница исклучиво како заедница меѓу маж и жена. Сајер преку соопштение им се извини на европратениците што ја злоупотребил функцијата, и додава дека за време на настанот не пиел и не користел дрога.

Организаторот на забавата, која е забранета според правилата за спречување на ширење на коронавирусот, објаснува дека организира вакви журки секој месец, каде луѓето доаѓаат да се дружат и да пијат алкохол. Објаснува дека на настабнот во петокот поканил десет пријатели и тие имале право да поканат свои пријатели само под услов тие веќе да го прележале вирусот или да немаат симптоми.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе