Вести Македонија Топ вести

Вакцини за грип нема, во најава ковид – вакцинација

Вакцинацијата против сезонски грип, според сведочењата на матични лекари и пациенти, не помина без проблеми. Од Министерството за здравство неколкупати уверуваа дека вакцини ќе има за сите.

Само во главниот град отворени се шест пункта за бесплатна вакцинација на ризичните категории . Здравствените власти за Телма велат дека овие три недели имале 2500 вакцини кои се распределени во вакциналните пунктови. Нова тура се очекува во понеделник.

А , во меѓувреме , додека граѓани чекаат вакцина за сезонскиот грип, Филипче соопшти дека здравствениот систем е во подготовка за вакцинација против КОВИД- 19 , први ќе се вакцинираат здравствени работници, армијата и полиција, иако дел од нив според извори на Телма се уште не примиле вакцина за грип.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земени се мерки за компресивна облека за повредените од пожарот – никој не кажува колку ќе чини тоа и кој ќе плати

Дејан Дејан

СДСМ бара детали за британскиот заем пред да биде ратификуван договорот

Дејан Дејан

Проект нема, ќе се изгради ли брзо, брзата пруга?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе