Вести Македонија Топ вести

Уште 6 месеци кризна состојба, продолжување бара Управувачкиот комитет

Телма дознава дека управувачкиот комитет на денешната седница донел одлука да побара прогласување на кризна состојба во наредните шест месеци.

Предлогот е упатен до владата која за денеска има закажано седница, а доколку биде усвоен предлогот ќе биде испратен на разгледување во Собранието, кое треба да ја донесе одлуката за прогласување кризна состојба.

Од управувачкиот комитет за Телма велат дека одлуката ја  донеле заради поефикасно справување со пандемијата и целосна заштита на здравјето на граѓаните.

Првата кризна состојба беше прогласена на 20 ноември и трае до 19 демекмври, а доколку биде усвоено и ова барање кризната сосројба би била продолжена со средината на јуни.

Откако Главниот штаб усвои потреба за продолжување на кризната состојба, тој предлог според процедурите се разгледува на Управувачкиот комитет составен од министри и раководители, по што одлуката се испраќа на влада.

Бидејќи првата 30-дневна кризна состојба ја прогласи владата, законски продолжувањето на кризната состојба е во рацете на Собранието.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе