Ковид19 Македонија Топ вести

Владата ќе бара од Собранието продолжување на кризната состојба за шест месеци

Владата го усвои барањето на Управувачкиот комитет кризната состојба да биде продолжена на шест месеци. Како што дознава Телма владата одговори позитивно на барањето на Управувачкиот комитете доставено денеска со објаснување дека тоа ќе овозможи поефикасно справување со пандемијата и целосна заштита на здравјето на граѓаните.

Сепак конечниот збор за продолжување на кризната состојба го има Собранието, до кое Владата треба сега да побара одобрување за продолжување на кризната состојба. Според член 31 од Законот за управување со кризи за продолжување на кризна состојба, повеќе од 30 дена, одлука носи Собранието.

„Одлуката за постоење на кризна состојба од ставот 1 на овој член не може да трае подолго од 30 дена. Ако кризната состојба продолжи да трае подолго од 30 дена, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи“, е прецизирано во Законот за управување со кризи.

Но со оглед на моменталната нефункционалност на Собранието поради неможноста да се обезбеди кворум за негова работа со отсуство на неколку партеници од владеачкото мнозинство поради Ковид-19, евентуално продолжување на кризната состојба ќе треба да ја добие поддршка од опозицијата во спротивно таа може да ја има судбината на повеќе закони кои чекаат кворум за да бидат усвоени.

Од ВМРО-ДПМНЕ за Телма неофицијално информираат дека ќе почекаат да видат каков предлог ќе достави Владата до Собранието за продолжување на кризната состојба, која откако ќе ја разгледаат ќе решат дали ќе ја поддржат или не.

Инаку пракса за прогласување на кризна состојба на шест месеци од страна на Собранието на предлог на Владата имаше за јужната граница на земјава од август 2015 година до 30 јуни оваа година поради мигрантската криза и зголемениот нелегален транзит на мигранти преку границата.

Одлуката на владата за продолжување на кризна состојба за шест месеци, би било првпат вакво нешто да се бара за територијата на целата држава. Кризната состојба на цела територија беше прогласена на 20 ноември и трае до 19 демември, а доколку Собранието го усвои предлогот за продолжување таа би се продлжила до средината на јуни.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Букурешт, Дан стана нов претседател на Романија, десничарот Симион го призна поразот

Дејан Дејан

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе