Македонија Топ вести

КОД: Рекордна испорака на медицински кислород за болните од ковид, најголема мака за вработените во болници каде се носат боци за пациентите

Рекорди се уриваат и во месечна испорака на кислород преку СОЛ СЕЕ, единствениот произведувач на кислород во Македонија. Доколку лани пред короната се испорачувале по 2.822 килограми на ден кислород, а во периодот јули- октомври по 6.132, сега во ноември во есенскиот бран на ковид за полните болници-клиенти на Солси заминуваат по над 14 илјади килограми (14.250) кислород на ден односно 6 пати повеќе отколку во предкорона периодот. Тоа се однесува на болници кои имаат централен систем за кислородна поддршка.

За течен кислород испораката е зголемена за 6 пати, додека за компримираниот кислород во боци испораката е зголемена за 15-16 пати. Огромен скок има во ноември. Граѓаните и јавноста не треба да стравуваат, погонот може да произведе доволно, и болниците не може да останат без кислород, објаснува Дејан Димзовски, директор на производство во СОЛ СЕЕ- Кавадарци, дел од СОЛ групација.

Со кислород во боци е уште поголема разликата. Например во моментот кога бевме во Кавадарци, истиот ден само во кумановската болница беа испорачани 80 боци со кислород.

За да се види страотниот удар на есенскиот ноемвриски ковид бран, моменталните испораки треба да се споредат само со периодот јули-аептември оваа година- тогаш испораката била по 12 боци на ден. Пред ковид, болницата во Куманово користела 40 пати помалку боци кислород (2).

На второ место е штипската болница со ноемвриска испорака од 78 боци на ден, а во Кавадарци се носат 67 боци чист кислород во овој период од ноември. Преголемата побарувачка предизвикува други проблеми – боците остануваат во блониците и не се враќаат навреме за полнење во Скопје, па така во изминатите 6 месеци ТГС Технички Гасови испорачал 700 боци повеќе отколку што им се вратени од болниците. Истиот проблем го има и Месер (кој исто така е добавувач на кислород за болниците) бидејќи болниците складираат резерви. Сепак најголем проблем е манипулирањето со боците кои се тешки.

Една боца тежи околу 70 килограми и е тешка за носење и воопшто не е едноставна за манипулирање и преместување, вели Димзовски.

Токму тоа се случува во најмалку десет болници со ковид центри во внатрешноста. Рачно носење боци кислород и по неколку спрата нагоре во старите болнички капацитети, сегашни ковид центри. Таков е примерот со кумановската болница, каде третиот ковид центар е сместен во зграда изградена во 1935-та, има стрми и кружни скали.

Во кумановската болница велат дека е можно да побараат помош за тешката физичка работа од Главниот штаб, а целата таа операција им одзема сили, време и луѓе.

Ако може да се упати, ќе побараме помош. Луѓето сепак знаат каква е состојбата, ако треба доаѓаат навечер. Носат. За пациентите да имаат кислород кој им е потребен. Доволна ни е помош од камионот боците да се префрлат до влезот на трите ковид центри. Има волонтери кои се пријавуваат за помош, но тешко се прифаќа оваа тешка физичка работа, а покрај тоа имаат страв да влезат внатре меѓу болните, што и е разбирливо, изјави Снежана Захариева, директорка на болницата во Куманово.

Пробемот со боците го избегнаа оние болници кои имаат централни системи за кислородна поддршка (например ГОБ 8-ми септември во Скопје).

Миомир Серафиновиќ

Огромниот ноемвриски удар на короната предизвика и зголемена рекордна потрошувачка на медициснки кислород низ Ковид центрите. Голем проблем е што поголем дел од болниците немаат централен систем на кислородна поддршка па се користат тешки боци со кислород кои треба да се стават до пациентите за да може да дишат. Во вечерашната емисија КОД, репортажа од единствената македонска фабрика за кислород во Кавадарци од каде е зголемена испораката на овој витален гас за над 15 пати.

Во КОД (Вечерва на Телма во 19:15) за тоа како медицинските лица во болниците без централен довод на кислород се мачат со тешката опрема за да ги спасат пациентите од КОВИД.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

КОД: Истрага за еколошки последици од мазутот на РКМ за ТЕЦ

Дејан Дејан

Секој четврти млад невработен – компаниите бараат усогласување на образованиeтo со пазарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе