Гужва и денес во амбулантите каде се прегледуваат позитивните или сомнителни заразени од Ковид 19. Пред најголемиот тријажен центар во земјава 8 ми септември врвулица од возила на итната помош, но што е уште пострашно, доаѓаат и возила на пограблните претпријатија. Ретко кој од луѓето таму сака да говори пред камера и покрај тоа што реакциите се дека доста се чека да се дојде на ред за преглед, а кулминацијата како да беше достигната вчера.
Но според дел од луѓето од внатрешноста кои се на домашно лекување не можат да се прегледаат дури и основните параметри кои кажуваат во која насока оди болеста. Се жалат дека по градовите нема воопшто тријажни центри каде ќе бидат прегледани позитивните на Ковид 19, а ретко кој од матичните се нафаќа да ги прегледа. За сега од министерството нема одговори дали и како ќе се надмине овој проблем. А токму поради гужвите пред амбулантите од вчера се распределени 195 мина припадници на АРМ само во Скопје. од денес за обезбедување на ред и дополнителна безбедност на болниците низ земјава освен во скопје ќе се распоредат и во центрите кои згрижуваат ковид пациенти во Дебар, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Куманово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Велес, Кичево. Според министерката Шекеринска војниците во соработка со мвр дејствуваат само по наредба на оперативниот штаб.
Инаку од понеделник во лекувањето на болните од ковид 19 ќе се вклучат и 12 специјалисти и 20 медицински сестри а кои се припадници на АРМ. Според министерот за здравство венко филипче оваа можност се отвори токму со прогласувањето на кризна состојба. Смета дека распоредувањето на мвр и арм околу здравствени институции со добра координација со кадарот веќе има ефект.
Билјана Николовска