Македонија Топ вести

Реакции за интервјуто на Заев на БГНЕС

Екстремистички изјави и од двете страни не може да не придвижат напред, оцени потпретседателот на СДСМ и министер  за внатрешни работи Оливер Спасовски. Не прецизира дали се согласува со ставовите на премиерот Заев изнесени во интервјуто за БГНЕС, но тврди дека Македонија како држава настанала во Авнојска Југославија и дека македонските антифашисти ја ослободиле од фашистичката окупација државата во 1944.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев. Во Собранието ќе го иницираат прашањето за доверба на Владата.

ДУИ бара низ дебата да се решат сите отворени прашања со Бугарија.

Коалициските партнери на СДСМ бараат на заедничка средба да се разговара за сите отворени прашања и ветото на Бугарија и интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС. Извршниот одбор на ЛДП го осудува и говорот на омраза со кој се негира самоидентификувањето на секоја личност и колективитет, вклучително и понижувањето на македоснкиот народ и нација.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наскоро ќе биде објавена листата си нови лекови на сметка на фондот

Дејан Дејан

(ФОТО) Мексички воен брод удри во Бруклинскиот мост – загинаа двајца морнари

Дејан Дејан

Путин: Русија има доволно ресурси да го доведе конфликтот во Украина до „логичен“ крај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе