Вести Македонија Топ вести

Од поддршка до оградување за интервјуто на Заев за БГНЕС од владините министри

Граѓаните, опозицијата или најблиските соработници. Кого најмногу го погодија зборовите на премирот Зоран Заев по вчерашното интервју за бугарската телевизија. Од поддршка до оградување, се нижат реакции во медиумите и на социјалните мрежи. Министерот за надворешни работи Бујар Османи воздржан, а вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, иако лично нападнат од бугарските колеги на својот профил на фејсбук со став дека  политичарите не треба да се занимаваат со историја.

„Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината.  Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.“

Министерката за одбрана, пак , во одбрана на премиерот. „Отворал врати за соработка со соседна Бугарија“, е ставот на Радмила Шеќеринска.

Заев владата ја дели и со професионални историчари. Министерката за култура, од редовите на СДСМ, Ирена Стефоска децидна дека „Бугарија мора сама да го надмине темното минато“, а во тој процес не може да помогне нашиот премиер.

Стефоска, се огради и од изјавата на Заев дека биле остранети и 2о табли и споменици на кои стоело бугарски- фашистички  окупатор, а експресно стаса и осуда од сојузот на борци. Бараат од Заев да се огради од квалификациите за народно-ослободителната војна на Македонија по интервјуто. Омаловажени и навредени, се чувстуваат и погодени од од тоа што се врши ревизија на општоприфатената оцена од светската историја за втората светска војна.

Засега единствената поддршка за макеоднскиот премиер пристигна од проаншениот премир Љубчо Георгиевски и ВМРО – народна партија, потенцирајќи ја неговата храбрсот во искажаните ставови.  Но, Заев не е сам во изјавите пред бугарските граѓани, и зборувал во име на партијата од која доаѓа. Дека тоа е ставот на СДСМ потврди и пратеникот Костадин Костадинов. Тој и други партиски функционери и поддржувачи масовно го споделуваат денешниот став на Заев дека не израил личен став туку го кажал мислењето на партијата чиј што претседател е тој.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе